Кривична пријава е поднесена против директор на основно училиште во Липково кој се сомничи дека случил договор за вработување без објавување на јавен оглас и без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерството за финансии.
Со ваквиот чекор, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, тој го оштетил Буџетот на државата за 577.550 денари.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.Г.(51) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во текот на 2024, пријавениот, како директор на основно училиште во Липково, склучил договор за вработување, без претходно да обезбеди финансиски средства од Министерство за финансии и без објавување на јавен оглас, оштетувајќи го буџетот на државата во вкупен износ од 577.550 денари – информира МВР.