Преку Центарот за управување со кризи (ЦУК) е во тек координирање за безбедно отстранување на пронајдено експлозивно средство, бомба, од куќа во Тетовско.
-Конкретно, на единствениот телефонски број за итни случаи 112 при ЦУК е добиена информација од дежурен од ОЦ-СВР – Тетово за настан во село Долно Палчиште дека при претрес на куќа, била пронајдена рачна бомба. Согласно оперативните стандардни процедури, за случајот е известен и раководителот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Тетово, а случајот бил пријавен и во Полициската станица Тетово. По известувањето на сите надлежни институции, за понатамошна постапка се чека екипа деминери од ДЗС Тетово за, согласно процедурите, експлозивното средство безбедно да биде подигнато од лице место – информираат од ЦУК.
Во тетовско Долно Палчиште попладнево, околу 14 часот, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 48-годишната Х.У..
Според МВР, при прeтрес извршен во нејзиниот дом со судска наредба било пронајдено експлозивно средство, рачна бомба и 1.000 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од неодамна пријавената кражба во куќа во гостиварското село Форино. Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе и бидат изготвени соодветни поднесоци, додека експлозивното средство е подигнато и транспортирано од Дирекцијата за заштита и спасување.
При претресот, исто така, од слобода е лишен и 52-годишниот С.У., поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик