Фото: Маја јаневска Илиева

Судот даде половина час пауза на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени, откако одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови.

Според одбраната, се очекува да се дададат воведни зборови и обвинетите да се произнесат за вина на текст од Обвинените што воопшто не го добиле обвинетите, поради што бараат судот да одлучи по ова прашање пред да се продолжи.

– Ниту еден од обвинетите, односно најголемиот дел вооопшто го немаат добиено интегрираниот текст на обвинението, а ќе се очекува да се дадат воведни зборови. Затоа предлагам судот да го расчисти ова прашање, па потоа да одлучиме во зависност од одлуката на Судот како ќе продолжиме – изјави еден од адвокатите од одбраната.

Одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот и дека доказна документација е целосно несредена и хаотична и бараа да им бидат доставени сите докази.

Судијката Диана Груевска Илиевска рече дека Судот смета дека нормално соработката меѓу обвинетите и бранителите сите го имаат добиени, посочувајќи дека на минатото рочиште Судот побарал електронски адреси на сите кои сакаат да им биде пратено.

-Ние сметаме дека преку бранителите сите треба да го имаат меѓутоа ако немаат ќе се потрудме преку судот да име се достави – рече судијката.

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата во ноќниот клуб.