Фото: Маја Јаневска-Илиева

Она што науката го докажала е дека е вообичаена грешка прерано префрлање во лер, и тоа на неколку стотици метри пред да се стигне пред семафорот. Прво, истражувањето покажало дека префрлувањето во лер многу пред да стигнете до семафор го зголемува трошењето на вашите сопирачки. Во такви случаи, единствено нешто што може да го запре возилото е притискање на сопирачките, а токму тоа е и причината за нивното брзо трошење. Втор проблем што го покажа истражувањето е дека многумина го користат традиционалното моторно кочење, а според автомобилските експерти, тоа е стар метод, кој одговарал на старите модели на возила кога најголемиот дел од нив имале погон на задните тркала и несигурни барабан-сопирачки…

НЕКОИ СОГЛЕДУВАЊА ЗА НАЈБЕЗБЕДНО ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРНОТО ВОЗИЛО

Многубројни истражувања покажуваат дека голем број возачи, па дури и оние искусните, прават некои клучни грешки при закочување на семафори. Тоа е делумно затоа што погрешно усвоиле или ги заборавиле некои од препораките во автошколите, делумно затоа што слушаат лоши совети, но факт е дека многу возачи прават една или повеќе грешки. Нашата екипа, водејќи се од истражувањата, се обиде да дознае кои и какви грешки најчесто прават македонските возачи.

Грешка при запирањето

Светлосната сигнализација е една од најважните за регулирање на сообраќајот. Таа постои за да воведе ред во хаосот што го создаваат возачите и да ја зголеми безбедноста во сообраќајот. Сепак, сообраќајните експерти реализирале истражување околу тоа како се однесуваат возачите кога пристапуваат кон семафор, дали правилно запираат на црвено светло и колку всушност го закочуваат движењето кога пристапуваат кон црвено светло на семафорот.
Она што науката го докажала е дека е вообичаена грешка прерано префрлање во лер, и тоа на неколку стотици метри пред да се стигне пред семафорот.
Прво, истражувањето покажало дека префрлувањето во лер многу пред да стигнете до семафор го зголемува трошењето на вашите сопирачки. Во такви случаи, единствено нешто што може да го запре возилото е притискање на сопирачките, а токму тоа е и причината за нивното брзо трошење.
Втор проблем што го покажа истражувањето е дека многумина го користат традиционалното моторно кочење, а според автомобилските експерти, тоа е стар метод, кој одговарал на старите модели на возила кога најголемиот дел од нив имале погон на задните тркала и несигурни барабан-сопирачки, па на тој начин се обидувале да се заштитат. Според експертите, овој метод на закочување не одговара на модерните автомобили со погон на предните тркала со диск-сопирачки и АБС.
Со модерните сопирачки, помалата брзина додава отпор на предните тркала и всушност може да го зголеми растојанието за сопирање на лизгави патишта.

Дали македонските возачи запираат правилно?

Од она што нашата екипа успеа да го истражи и дознае од анкетата, на прашањето дали возачите знаат како правилно да закочат на семафори, добивме различни одговори, а многу мал број од нив всушност го дадоа точниот одговор.
Од анкетираните 36 возачи, повеќе од половината, односно 20 возачи одговорија дека закочуваат од голема брзина додека возилото го префрлаат во лер притискајќи ја сопирачката како единствена надеж за запирање на возилото.
Од нив, поискусните возачи, оние над 40 години одговорија дека го користат методот на моторно кочење, всушност десет од запрашаните возачи рекоа дека го користат стариот начин на запирање. Шестмина, пак, одговорија дека немаат посебно правило за да запрат на семафор, важно им е само да го запрат возилото.
– Не сум обрнал внимание на тоа како застанувам на семафорот. Не ми паднало на ум дека постои и правилно закочување на семафор. Ви благодарам за овие сугестии, од сега ќе посветам поголемо внимание и ќе се обидам да запирам поправилно – вели Доневски Горан, возач на возраст од околу триесетина години.

Па, како правилно да закочите?

Она што експертите го советуваат е притискање на кочница само во ситуации кога вртежите ќе паднат и комбинацијата на сопирачките и вртежите всушност е најдобриот начин да се запре возилото на црвено светло.
– Значи, правилниот начин да се запре нов и модерен автомобил е да започнете навреме да сопирате така што ќе го држите автомобилот во брзина и со двете раце на воланот. Не притискајте ја сопирачката и тргнете ја ногата од педалот за гас. Само кога целосно ќе забавите, односно непосредно пред бројот на вртежи на моторот да достигне илјада, притиснете го куплунгот и кога ќе застанете, ставете го менувачот во неутрална положба – велат експертите.
Со оглед на тоа што денес голем број семафори имаат секундарници на нив со кои ги известуваат возачите уште колку секунди ќе се смени бојата на семафорот, најбезбедно за возилото е да се стави куплунгот во неутрална положба отколку во брзина. Возилото во брзина може да биде само во метеж, кога сообраќајот се одвива по принципот тргни застани. На семафор, најдобро за возилото е да биде во лер, така што ќе се избегне прегревање на важни делови од него.