Возилото кое излета во Вардар во близина с. Рашче е извлечено, информира Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.
-Од него се извадени телата на три женски лица. Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува – информираше Ангелов.
Попладнево околу 16 часот автомобил излетал од локалниот пат за селото Рашче и паднал во Вардар.
Како што информираат од МВР, екипа на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ била ангажирана за вадење на автомобилот.
На местото биле јавен обвинител, полициски и екипи на Итната медицинска помош. Засега нема официјални информации за бројот на патниците што се наоѓале во автомобилот.