Фото: МИА/илустрација

До 7 часот утрово на територијата на Македонија има регистрирани вкупно 28 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 21 пожар – информираат од Центарот за управување со кризи.

Според ЦУК, активни се пожарите во општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода каде гори дабова шума и папрат, во општина Чучер Сандево и Липково, селата Малино, Танушевци и Лукаре, каде со пожар е зафатена мешана шума.

Активен е и пожарот во општина Прилеп, село Дабница и м.в. Три багреми, каде гори ниска вегетација и ѓубре.