Четиринаесетгодишен мотоциклист од село Заполжани во општина Долнени денеска загинал во сообраќајна несреќа во која учествувало и патничко возило „опел астра“, што го управувал 18-годишен жител од истото село.
Како што соопшти МВР во полицискиот билтен, несреќата помеѓу мотоциклот „шинерај“ и возилото „опел астра“, и двете со прилепски регистарски ознаки, се случила околу 13 часот и 40 минути во долненското село Новоселани.
Малолетниот мотоцклист од добиените повреди починал на местото на несреќата. Лекар констатирал смрт, а увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп.
МВР соопшти дека возачот на автомобилот, В.Р.(18), го напуштил местото, но набргру бил пронајден и приведен.