Изминатите два дена од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север била извршена контрола на четири патнички возила и еден автобус кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на возилата „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.А.(38) од Струмица, „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(32) од Република Бугарија, „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Куманово и „сеат алхамбра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(28) од Струмица, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Исто така, при контрола во автобус, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М(42) од село Горна Бањица, гостиварско, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.