Фото: Маја Јаневска - Илиева/Илустрација

Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“, кој синоќа пристигна на скопскиот аеродром, се очекува да полета кон планината Готен каде ќе се вклучи во гансењето на пожарот од беровска страна.

Екипажот рано утрово имал брифинг со старешини од Воздухопловниот ВИНГ на кој било утврдено дека најпогоден извор за полнење на вода е вештачкото езеро Турија кое е оддалечено десетина километри воздушна линија од пожарот.

Покрај чешкиот „Блек Хок“, во земјава пристигна и конвој од 61 пожарникар од Словенија со 18 возила. Меѓу нив, како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангеловл има и специјални теренски возила со опрема за справување со шумски пожари.

Пожарот на планината Готен се смета за еден од потешките пожари.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, до седум часот утринава активни се три пожари, а пет се под контрола. Изгаснати се 20 пожари.