Направивме навистина една навремена евакуација на настрадните, би рекол повеќето деца, и тие беа сместени во бугарски медицински установи пред да почне евакуацијата на другите повредени, изјави министерот за здравство на Бугарија, Силви Кирилов.
Тој денеска заедно со македонскиот министер за здравство Арбен Таравари и министрите за надворешни работи на земјите Георг Георгиев и Тимчо Муцунски, ја посетија Универзитетската мултипрофилна болница за активно лекување и ургентна медицина (УМБАЛСМ) „Н.И. Пирогов“, пренесе БТА.
– Никогаш не размислувавме дали ќе помогнеме или не. Првата и единствена реакција и мисла беше како и како што побрзо да се организира евакуацијата и да се создадат идеални услови за транспорт на вакви исклучително тешки пациенти, бидејќи тие се на механичка вентилација и секогаш може да се очекува некаков колапс – појасни Кирилов.