Фото: Принтскрин / Јутјуб

Албанскиот претседателот Бајрам Бегај изрази сочувство по повод трагичната несреќа што се случи во дискотека во Кочани во која загинаа над 50 лица, а стотици се повредени.

– Моето искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски и до сите граѓани во нашата соседна пријателска земја. Моите молитви и молитвите на албанскиот народ се упатени кон повредените, тие брзо да закрепнат и болката во градот Кочани да не се зголемува – напиша Бегај во објава на Х.

Албанските медиуми од утринава пренесуваат информации за „голема трагедија во Северна Македонија“, главно повикувајќи се на Медиумската информативна агенција (МИА).