Попладнево околу 16 часот автомобил излетал од локалниот пат за селото Рашче и паднал во Вардар.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи за МИА, екипа на Специјалната полициска единица „Тигар“ била ангажирана за вадење на автомобилот и за пронаоѓање на патниците.
На местото на несреќата биле јавен обвинител, полициски екипи и тим на Итната медицинска помош. Засега нема официјални информации за бројот на патниците што се наоѓале во автомобилот.
По сообраќајната несреќа случајни минувачи донеле четиригодишно дете во ГОБ „Св. Наум Охридски“ кое потоа е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје.
– Во 18 часот од ГОБ „Св. Наум Охридски” сме известени дека кај нив од страна на случајни минувачи е донесено четиригодишно дете, кое потоа е пренесено во Клинички центар – информираат за МИА од Министерството за внатрешни работи.