Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изрази длабоко сочувство за жртвите во пожарот во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а 178 се повредени.
-Австралија е во длабоко тага поради трагичниот пожар во ноќен клуб во Северна Македонија, кој однесе над 50 животи. Испраќаме искрено сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување – напиша Вонг на социјалната мрежа „Х“.
Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а 178 повредени.