Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13, потврдија од Судот за МИА. Детали од пресудата, како што дополнија, ќе има во текот на утрешниот ден.
– Во овој момент, Судот може да потврди дека пресудата е донесена на 27 февруари. Пресудата е преиначена во однос на првичната, а детали поврзани со причината ќе добиете во текот на утрешниот ден – велат од Апелационен суд Скопје.
Боки 13 во 2020 година беше осуден на девет години затвор за кривични дела „примање награда за противзаконито влијание и перење пари“ во случајот „Рекет“.
Во моментов, Јовановски е на отпуст за лекување.