Фото: ппј.мк/Петр Стојановски

Амбасадата на Шведска во земјава изрази жалење за трагичната загуба на животи по пожарот во Кочани.

– Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства и најблиските. Нашите мисли се исто така со сите други засегнати и сите оние кои сега работат на помош и поддршка – стои во објавата на шведската Амбасада на Фејсбук.

Според последните информации, 51 лице загина, а 152 се хоспитализирани во пожарот што изби во раните утрински часови во дискотеката „Пулс“ во Кочани.