Активен е пожарот кај селото Дебреше, гостиварско каде гори ниска вегетација, информира попладнево Центарот за управување со кризи.
Според информациите на ЦУК, на територија на државата имало уште еден пожар на отворен простор, но тој е изгаснат. Станува збор за пожарот кај Циглана во општина Куманово каде била опожарена ниска вегетација.