Под координација на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е акција на Министерството за внатрешни работи поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа.
Од Обвинителството информираат дека акцијата е во тек и дека повеќе детали за случајот ќе бидат соопштени по нејзиното завршување.
Надлежните институции засега не откриваат дополнителни информации за опфатот на акцијата и лицата кои се предмет на истрагата.
– ОЈО ГОКК ќе излезе со детали по завршување на акцијата – информираат од ОЈО ГОКК.


































