32 лица ја прекршиле забраната за движење во периодот од 00.00 часот до 04.00 часот на 16.05.2021 информира МВР.
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на цела држава, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани биле 476 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на ковид-19.