Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 77, девет санкции за возење без возачка дозвола, две за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, две за непрописно престројување, три санкции за нерегистрирани возила, две за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 31 мерка за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.