Полицискиот час во периодот од 22 часот синоќа до 5 часот утрово го прекршиле 14 лица, информираат од МВР.
Од таму додаваат и дека во текот на изминатото деноноќие, по однос на мерката за носење заштитна маска, како превениција од коронавирусот, регистрирани се 534 прекршоци.
Ресорното министерство воедно апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за да се спречи ширењето на Ковид-19.