Сите инволвирани лица во случајот „Рекет” ќе бидат сослушани и испитани во истражната постапка, вели јавниот обвинител Љубомир Јовески за ,,Макфакс”.
– Не постапуваме селективно и никој нема да се спаси од кривична одговорност доколку сторил кривично дело. Нагласувам дека во конкретниот случај се работи исклучиво за криминално дело – додава тој.
Во тек е истражната постапка за овој случај и истражните дејствија, јавниот обвинител ги презема за да се обезбедат доказите и за да се уврди вистината според подготвен план кој обезбедува целосно истражување на случајот.
Јовески вели дека обвинителството постапува неселективно и ја уверува јавноста дека инволвираните во „Рекет” ќе бидат сослушани или испитани, вклучувајќи ја и Катица Јанева и Лиле Стефанова по целосно завршување на истрагата и согласно законот ќе се донесе јавнообвинителска одлука. Обвинителството, покрај другите докази, за конкретниот случај располага со аудио и видео снимени содржини.