Бојан Јовановски денеска од Истражниот затвор „Скопје“ во Шутка беше спроведен во скопското јавно обвинителство за да поднесе десетина кривични пријави против актуелни функционери од извршната власт, но и високи партиски функционери и безнисмени.
Дукоски не сакаше да открие ниту едно од пријавите но сепак ја потврди информацијата дека станува збор за високи функционери и бизнисмени. Ова е второ барање на Јовановски да го искористи своето законско право откако претходно Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески го одби барањето на Боки 13 да поднесе кривични пријави.
Дуковски во изјава за новинарите појасни дека Обвинителството мора да постапува по кривичните пријави затоа што кривичните дела за кои Јовановски поднесе пријави се гонат по службена должност. Тој ниту потврди ниту демантираше дека мотивот за поднесувањето на кривичните пријави е олеснување на положбата на Јовановски во кривичните постапки кои се водат против него а тоа се „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“.
Дуковски, исто така, изјави дека непосредно пред да дојде во судот лице од непознат телефон му се заканувало дека доколку проговори Јовановски, ќе биде убиен.
Јовановски минатата недела за случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а за први јули е закажано првото рочиште за случајот „Маѓународен сојуз“ во кој еден од обвинетите е и Бојан Јовановски.