Изземање на судијката Софче Гаврилова која го води предметот „Рекет 2“ побара обвинетиот Бојан Јовановски, тврдејќи дека таа не може да биде непристрасна во судскиот процес.
– Фалеа само 30 минути за мојата состојба да заврши фатално. Вие почитувана судијо носите одговорност за мојата состојба – кажа Јовановски во судницата.
Јовановски се пожали дека судијката е политички инсинуирана за да го прекинува штом се спомене дека станува збор за политички предмет.
– Вие сте политички инстринуирани да ме прекинувате штом се спомене дека ова е политички предмет – истакна Јовановски, по што му беше одземен зборот од страна на судијката.
Таа нагласи дека барањето на Јовановски ќе биде доставено до претседателот на судот, опоменувајќи го обвинетиот да се однесува коректно во судницата.
Јовановски се товари за перење на пари и за измама во случајот „Рекет 2“.