Спроведувањето на Бојан Јовановски од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари доцнеше 20 минути, а при влезот во судницата, тој кажа дека бил нападнат.
– Доцниме бидејќи бев нападнат од затворски службеници – рече Јовановски обраќајки им се на новинарите при влезот во судницата.
На денешното рочиште треба да бидат пуштена уште една снимка од оние кои осудениот Зоран Милески ги доставил до Обвинителството за организиран криминал и коруцпија.