Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна со недолични коментари.
Јанева ѝ се обрати на својата поранешна колешка со недолични зборови, пред да биде отстранета од судницата.
По завршувањето на сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова, полицајците ѝ пријдоа за да ја извадат од судницата, а Јанева со смеење се обрати кон новинарите.
– Мачето ѝ го возев, затоа ли не ѝ чинам – кажа Јанева.
Јанева со полициска придружба беше однесена во друга просторија, до судницата, откако се расплака.