Бојан Јовановски по половина час доцнење беше спроведен со судска полиција во судница, каде веќе беше донесена Катица Јанева од домашен притвор. Боки 13 влезе со очила за сонце, по што за првпат Катица Јанева му климна со главата и му се насмевна, по што, се насмевна и Боки 13.
За разлика од минатите рочишта, Бојан Јовановски не се пожали на болки. Во судницата се присутни двајцата бизнисмени Томе Главчев и Зоранчо Митровски, како и адвокатот Сашко Бошков кои се сведоци во „Рекет”.
Тројца сведоци предложени од обвинителство сведочат денеска на судењето за случајот „Рекет“. Судењето продолжува по две недели пауза, период кој обвинителството го користеше за распит на осомничените за „Рекет 2“.
Во случајот „Рекет“ обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски.