Пред презентацијата на снимките што ги доставил осудениот Зоран Милески-Кичеец, а беа презентирани на денешното рочиште за „Рекет”, второобвинетата Катица Јанева побара јавноста да не биде исклучена при презентацијата на снимките.
Таа пред судијката рече дека сега ќе се види кој е изманипулиран, кој нудел поткуп, а кој манипулирал.
– Бараме да не бидат исклучени непријатните работи за да се види кој манипулира, кој е изманипулиран, кој нуди поткуп – рече Јанева пред судот.
Бојан Јовановски потврди дека сака да се пуштат разговорите меѓу него и Милевски пред јавноста и се согласи со Јанева. Но, посочи дека бил незаконски сниман и дека не ги знае снимките.
– Јавноста ќе биде исклучена во делот каде Обвинителството наведе дека има потреба. Судот се грижи и за останатите лица, не само вие – констатираше судијката Васка Николовска-Масевска.
Јанева по одлуката на судот повторно повтори и побара јавноста да не биде усклучена.