Обвинетиот Миле Јанакиески во придружба на адвокатот пристигна на судското рочиште за предметот „ТНТ“, откако вчера му беше укинат притворот кој трае три години додека поранешниот министер за транспорт и врски е обвинет за повеќе дела. Јанакиески денеска дојде во судот без полициска придружба.
Обвинителката Вилма Русковка најави дека ќе бара притвор за Јанакиески поради можноста за бегство бидејќи тој има повеќе обвиненија и првостепена пресуда од 6 години и три месеци затвор во случајот „Организатори на 27 април“.