Јавното обвинителство ги презеде предметите од Специјалното јавно обвинителство кое гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
-По преземањето на предметите, доверени се на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети сѐ до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет. Во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори, а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители – соопшти Обвинителството.