Во комбе биле откриени шестмина мигранти на автопатот Куманово – село Табановце, во близина на обиколницата. Од нив тројца биле од Пакистан, двајца од Авганистан и еден од Иран.
Мигрантите биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.