Сопственикот на градежната компанија „Адора“, Ванчо Чифлиганец, кој беше споменат од страна на Орце Камчев во објавените разговори за случајот „Рекет“ ги демантира наводите дека барал од бизнисменот дуќан за стоматолошка ординација за обвинителката Лиле Стефанова.
– Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста дека таков наводен разговор во врска со некакво барање кон едно од лицата што се јавуваат во снимката, се нема случено, бидејќи, без исклучок, не сум таков човек кој влегува во такви разговори. Мојот животен пристап секогаш бил да помагам на луѓе во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно споменување на моето име – вели Чифлиганец во соопштението кое го упати до јавноста.
Обвинителката Лиле Стефанова прехтодно напомена дека бизнисменот Камчев намерно ја спомнува за да ја компромитира од причина што го води случајот „Империја“.