Четири лица од гостиварско на кои им било издадено решение за изолација поради ковид-19 и требало да бидат на домашно лекување ги напуштиле своите домови и заминале во странство.
Имено вчера при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско, било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, Х.С.(32), В.Ш.(52) и А.Ш.(22), тројцата од гостиварско Корито, сите со решение за изолација и домашно лекување, не биле дома и ја напуштиле државата.
По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.