Приведени четворица напаѓачи од Скопје, бидејќи доцна синоќа, на автобуската станица во населбата „11 Октомври“ во Кисела Вода, физички нападнале 44-годишен жител на село Студеничани, вработен како чувар на објект во изградба, нанесувајќи му тешки повреди.
Според пријавеното, го нападнале чуварот, зошто тој претходно ги пријавил во полиција дека го нарушувале јавниот ред и мир.
Истепаниот веднаш бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.