Центарот за управување со кризи информира дека на и денес има неколку активни пожари на територијата на Македонија. Гори потегот помеѓу селата Барово и Вешје. По барање на градоначалникот на Општина Демир Капија, ангажирани биле два армиски хеликоптери. Пожарот кај с.Раовиќ, во општина Сарај е сѐ уште активен. Повторно на 3-4 места се забележува чадење на самиот срт и под сртот на планината Осој.
Под контрола се ставени пожарот кај с.Дивље и с.Крушје е под контрола. На одредени места се забележува чадење. Пожарот што избувна во текот на утринските часови на м.в. Градишче атар на с.Владимирово е изгаснат. На терен заради контрола останата е екипа на ШС Малешево од Берово со едно теренско возило со цистерна и четворица вработени.
Пожарот на градска депонија кај Виница во м.в.Лесковски пат е локализиран, но не и целосно ликвидиран. Во текот на денешниот ден ЈП Солидарност – Виница врши покривање со земја на самата депонија. Пожарот кој избува помеѓу селата Матејче и Виштица каде гори сува трева и грмушки е ставен под контрола. Интервенираат тројца пожарникари со едно ПП возило. Појава на пожар на отворен простор има и во атар на с. Отља кон с.Матејче. Во гасење на овој пожар се вклучени тројца пожарникари со едно ПП возило, четворица полицајци од ПС Матејче и 30 граѓани од с.Отља. Пожарот е ставен под контрола и не постои опасност од проширување кон објекти и шума.