Креативноста на шверцерите е огромна кога се обидуваат успешно да ги префрлат наркотиците од една во друга држава. Почнувајќи од храна, па до дронови и подморници, тие се доста упорни и инвентивни во своите обиди

Тунели
Мексиканско-американската граница е како сирење со дупки – преполна со тунели под земјата. Еден од најодговорните за тоа е токму Ел Чапо. Во доцните 1980-ти, Ел Чапо ангажирал архитект за да конструира мал премин, со должина од околу 60 метри, од куќата на адвокатот во Аква Приета во северозападната држава Сонора, па до куќа во сопственост на картелот во Даглас, Аризона.
Откако бил ископан тој тунел, Ел Чапо ги известил соработниците дека може да испратат колку сакаат дрога преку него. Картелот инвестирал многу во десетици подземни тунели, кои имале дури и осветлување, моторизирани возила и системи за вентилација. Сите тунели ја поминувале американската граница. Граничната полиција постојано работи на бетонирање на овие тунели, но постојано се ископуваат нови.

Авиони
За шверц на дрога дефинитивно му нема рамен на Ел Чапо. Тој ја усовршил и техниката на шверц во авиони уште во 1990-тите. Во запленетите предмети и транспортни средства на американската полиција има многубројни вакви авиони што успеале да ги фатат и приземјат. Продавачите на дрога ги оставале малите авиони на аеродромите, а купувачите доаѓале и си ја земале дрогата. Картелите дури и ја пренесувале дрогата во сопствени 747 авиони, кои успевале да соберат дури 13 тони кокаин.

Подморници
Нарко-картелите со дрога товареле и подморници, но имале и сопствени самоуправувачки подморници со кои лесно ја пренесувале дрогата од едно до друго место. Доста амбициозен начин на пренесување на дрогата биле пловните објекти над површината на водата и пренесувале доста помали количества дрога. За да бидат тие успешни во транспортот, биле ангажирани инженери што ги осмислиле да функционираат на принципот на кој функционирале. Сето тоа му донело голема заработка на нарко-картелот. Тие инвестирале десетина милиони долари во направи за пренос на дрога и заработувале стотици милиони долари од подморница, додека, пак, на годишно ниво заработувале стотици милијарди долари.

Дронови
Во јануари 2015 година, во Тихуана, во близината на американската граница, се урнал дрон што пренесувал три килограми кристален метамфетамин. Дронот паднал затоа што не можел да ја пренесе дрогата, односно таа била премногу тешка за него. Истата година, уште еден дрон се урнал во близината на мексиканската граница и тоа на покрив на куќичка на куче.
Дроновите се користат и за пренесување дрога во затворите. Затвореници што отслужувале доживотна затворска казна биле фатени како со дрон пренесувале дрога, која им ја продавале на другите затвореници.

Катапулти
Американската полиција прави доста големи напори за да ги спречи шверцот на дрога и нејзиниот влез во земјата. Нарко-картелите користат дури и катапулти за шверц на дрога преку границата. Ја ставаат дрогата и ја катапултираат преку границата, а потоа некои од нивните соработници од другата страна на границата ја преземаат и продаваат. Кога претседателот на САД, Доналд Трамп, почна да го прави ѕидот на мексиканската граница, полицијата пронајде неколку вакви катапулти за пренос на дрога.

Автомобили
Можеби еден од најпознатите начини за шверц е нејзино пренесување во автомобили. Нарко-картелите испраќаат милиони возила и камиони да ја преминат границата помеѓу САД и Мексико. На границите, полицијата наоѓа доста тајни места во возила каде што се крие дрогата. Дрога се крие дури и во гумите на возилата и во самиот мотор, и тоа поделена на делови и ставена таму каде што дозволува моторот.

Статуи
Полицијата успешно ја наоѓа и дрогата скриена во статуи, и тоа користејќи ги рендген-скенерите, со чија помош ја утврдува дрогата во нив. Пронајдени биле дури 24 килограми метамфетамин во статуа од Мексико Сити.

Патики
Луѓето се обидуваат го прават тоа криејќи ја во облека и во чанти, како и лепејќи ја за телото. На граница биле забележани невообичаено тешки патики, кои всушност биле полни со дрога. Патиките биле во сопственост на жена што се обидела да ги помине границата и контролата носејќи ги на нозете. Полицијата забележала дека патиките што ги носела жената произведувале чудни звуци, но и жената што ги носела доста тешко ги движела нозете, па решила да ги провери. При проверката во рендген-скенерот било утврдено дека таа направила влошки полни со дрога и ги ставила во патиките.

Човечкото тело
За лесна заработка речиси најчесто се шверцува дрога користејќи го сопственото тело. Луѓето одат дури дотаму што го ризикуваат сопствениот живот, голтајќи дрога спакувана во презервативи или во мали балони за да ги пренесат преку граница. Во обид да шверцува дрога, 24-годишно момче од Бразил колабирало, а подоцна и починало поради проголтан балон со дрога. Во друг случај, пак, жена од Колумбија што долетала од Берлин во САД била застаната за преглед, кога било констатирано дека во имплантите што ѝ биле вградени, всушност, пренесувала околу еден килограм дрога.