Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 35-годишен скопјанец, водач на смена во царинската подружница Табановце, под сомнение дека сторил кривично дело несовесно работење во службата.
Пријавениот, извршувајќи службени работни задачи, на работна смена од 20 часот на 27 јули годинава до 8 часот следниот ден, несовесно постапил во вршење на своето овластување со пропуштање на должен надзор како единствен непосреден старешина на смената.
Со тоа им овозможил на двајца царински службеници и други што биле на смена во посочениот период да посредуваат во избегнување царински давачки за стока што подлежи на царинење.
Службениците од граѓаните што остварувале влез во земјата преку преминот Табановце противправно за себе наплатиле 1.670 евра и 190 швајцарски франци, а на штета на државниот буџет.