Армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар е веќе во близина на Галичник. Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Хеликоптерот е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар.
Инаку, информацијата за пожарот над село Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Шумскиот пожар поради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума. Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, официјално барање на време за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.
Во контекст на информациите за шумски пожари, Центарот за упрување со кризи (ЦУК) денеска, исто така, ги координира и активностите за шумскиот пожар во Беровско од вчера, којшто за сега не претставува опасност по населени места иако е се уште активен. Конкретно, командирит на Територијалната противпожарна единица, ТППЕ-Берово, кој е на лице место и не информира дека пожарот што избубнал вчера во 17 часот, каде што е зафатена сува трева, папрат и нискостеблеста шума (прнар) во атарот на село Русинов на м.в. „Петлац“. Од силниот ветар пожарот се проширува. ТППЕ – Берово се на терен се со 1 теренско возило и три (3) пожарникари, и од локалното шумско стопанство, ШС „Малеш“, се на местото на настанот со три (3) теренски возила и 15 вработени.