Хеликоптерите кои учествуваат во гаснењето на пожарите ќе полнат гориво на импровизиран хелиодром во близина на Берово, а од акумулациите во близина ќе полнат вода и веднаш може да се вратат на терен, со што веќе нема да се враќаат во Скопје по гориво, информира денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
– Ја зголемивме ефикасноста и брзината на делување на сите воздухоплови – Армијата обезбеди полнење гориво во хеликоптерите во непосредна близина на критичните точки. На импровизиран хелиодром хеликоптерите слетуваат, полнат гориво, успеваат во близина да обезбедат вода од акумулациите и веднаш можат да се вратат на терен. Тоа многу го крати времето за интервенција – соопшти Шекеринска преку Фејсбук.