Радовишката полиција поднесе кривична пријава против фирма од овој град и нејзиниот 44-годишен сопственик Л. П. поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Како што информираат од МВР, на 6 септември годинава полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на фирмата и констатирале дека на летната тераса била организирана матурска прослава, спротивно од член 12 од Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана.