Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Беслимоски, вчера бил нападнат додека седел во ресторан во Дебар Маало. Нападот се случил неколку минути пред полноќ и е пријавен во полиција. Очевидци веќе споделија неофицијални информации дека пред нападот врз Беслимовски претходела расправија.
– На 5.10.2021 во 23.54 часот во СВР Скопје М.Б.(45) од Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ.(28) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – велат од МВР за „Макфакс“.