СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Б.(50) од Штип во врска со 10 кражби во цркви.
Според информациите од полицијата, тој кривичните дела ги сторил во периодот од 30 мај до 27 ноември.
Штипјанецот се товари за кражби во седум цркви на подрачјето на општина Дебарца и три на подрачјето на Охрид, во кои влегувал користејќи подесен алат и физичка сила и одземал пари, велат од МВР.