Фото: Илустрација

Уште еден млад битолчанец ја згуби битката за живот по сообраќајката што пред повеќе од еден месец сес лучи на магистралниот пат Охрид – Свети Наум, кај клучката за излез кон хотелот „Инекс . По еден месец во кома, престана да чука срцето на младиот битолчанец М.С. на возраст од 27 години.

Несреќата кај Охрид се случи во 1.40 часот по полноќ кога дошло до директен судар на три возила – „цитроен Ц3“ со битолски, „фолксваген голф“ со охридски и „фолксваген пасат“ со прилепски регистерски таблички.

Со „цитроенот“ управувал И.К (27) од Битола, кој со тешки телесни повреди бил префрлен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ каде
им подлегнал на повредите здобиени во несреќата. Во сообраќајката беа повредени уште неколку лица, од кои пет лица потешко.

Повредените М.С.(27) од Битола и И.М.(23) од Струга беа префрлени на лекување во
Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, додека во Д.Р.(25) од Скопје, Б.Р.(23) од
Охрид и уште едно лице од Битола беа хоспитализирани во болницата „Свети Еразмо“
М.М.