Деветнаесетгодишна ученичка во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга вчера утрото во училишниот двор со остар предмет нападнала соученик.
Како што соопшти МВР, А.М.(19) од струшкото село Долно Татеши со остар предмет го нападнала соученикот Е.К.(19) од Струга.
Ученичката е повикана на разговор во полициската станица и по целосно расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.