Во Кривичниот суд денеска се одржа и заврши судењето за активистката Моника Ристовска, која се гони за поседување на марихуана.
Судот и додели две години условна казна, која во рок од пет години не треба да се прекрши. Моника го призна делото и изрази каење за истото. Бранител на Моника Ристовска е адвокат Јанаки Митровски.
Со условна осуда на сторителот на кривично дело судот му ја утврдува казната и истовремено определува дека таа нема да се изврши ако осудениот за времето што ќе го определил судот, а кое не може да биде пократко од една ниту подолго од пет години (време за проверување) не стори ново кривично дело.
Моника Ристеска е еден од најактивните активисти за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината.