Претседателот Ѓорге Иванов, денеска во Градската општа болница 8-ми Септември во Скопје, посети дел од хоспитализираните патници кои беа повредени во вчерашната автобуска несреќа, што се случи на патот Скопје – Тетово во близина на селото Ласкарци. Македонскиот претседател на повредените им посака побрзо закрепнување и што поскоро враќање во своите домови и кај своите семејства, информираа од кабинетот на Иванов.
Претходно, во општина Гостивар претседателот Иванов се обратил на Комеморативната седница во чест на загинатите граѓани во тешката сообраќајна несреќа и ги посети ги посети семејствата Узеири, Трпевски и Исмаили, чиишто членови се меѓу загинатите патници.
– Ова е тажен ден за Македонија, тажен ден за сите нас. Вакви настани да не ни се случуваат. Нека им е вечна слава, рече претседателот Иванов, во своето обраќање на Комеморативната седница.