Непознати сторители од трансформатор за дистрибуција на електрична струја на манастирот „Свети Константин и Елена“ одзеле бакарни елементи со тежина од 30 килограми и бакарен електро проводник. Тие противправно се стекнале со вредност од околу 8.000 денари, а на трансформаторот нанеле штета околу 360.000 денари.
– Во временски период од 11:00 часот на 19 мат до 05:00 часот на 20 март во село Вратница, тетовско, од страна на непознати сторители извршена е тешка кражба така што од трансформатор за дистрибуција на електрична струја на манастирот „Свети Константин и Елена“ одзеле бакарни елементи со тежина од 30 килограми и бакарен електро проводник. Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале сторителите на кражбата се проценува на 8.000 денари, додека вредноста на оштетениот трансформатор на околу 360.000 денари – информираат од МВР.
Оттаму посочуваат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.