Секторот за односи со јавност при СВР – Битола денеска потврди дека во текот на вчерашниот ден битолчанец Н.С. (61) пријавил дека во ноќта меѓу 19 и 20 август непознат сторител извршил тешка кражба во негова гаража улица Ѓорѓи Зековски во Битола.
Според СВР – Битола, станува збор за тешка кражба во која сторителот одзел 17 куќишта од компјутери, графички картички и други составни делови од компјутери.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот, нагласуваат од СВР – Битола.