Полицијата поднесе кривична пријава против М.М. (24) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
– На 15 април во Свети Николе, на улицата Карпошева, во куќа сопственост на Д.С., пријавениот влегол со употреба на сила и одзел пушка марка „застава“ М98, пушка марка „винчестер“, пушка марка „бенели“, пушка марка „баикал“, пиштол Ц3, околу 50 парчиња различен вид на муниција, две црни торби, пари, накит, вредни предмети и спортска опрема – информираат од полицијата.
Со тоа, крадецот се стекнал со противправна имотна корист во вредност од 1.636.000 денари.