Еден ден пред истекот на 2019 година во 21:25 часот на ул. „Минела Бабуковски“ во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Р. (29) од Битола, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.
Во соопштеноето на СВР Битола се истакнува дека при претрес во неговиот дом, пронајдени се и одземени пиштол „црвена застава 99“, калибар 9мм и една рамка со 15 куршуми. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во соопштението.
М.М.