Кумановската полиција вчера го уапсила 22- годишниот Љ.М., кој бил баран по потерница од казнено-поправата установа Охрид, соопшти денеска СВР Куманово.
-По преземени мерки и активности од СВР Куманово, на 23 јануаир, во 16.15 часот, од слобода е лишен Љ.М. (22), кој се бараше по Потерница од Казнено-поправната установа Охрид – се наведува во соопштението на СВР Куманово
Љ.М. бил осуден на пет години и девет месеци затворска казна за сторени кривични дела од областа на имотни деликти, а на 12.декември минатата година, било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Охрид.